недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

(ВИДЕО) Направија се за да ја уништат Србија, но ќе победиме, изјави Вучиќ

(ВИДЕО) Направија се за да ја уништат Србија, но ќе победиме, изјави Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека предупредувањата од САД дека Србија трупа војска на границата со Косово се несразмерни, бидејќи, како тврди тој, бројот на српски војници на терен се намалува.

„Минатата година имавме 14.000 луѓе во близина на административната линија, денеска имаме 7.500 и тоа ќе го намалиме на 4.000“, кажа Вучиќ во интервју за „Фајненшл Тајмс“.

Српскиот претседател вели дека е „чиста лага“ дека Србија праќа војска на границата.

„Србија од тоа не би имала корист бидејќи тоа ќе ја загрози нејзината позиција во преговорите со Приштина под покровителство на Европската унија“, вели Вучиќ.

Вчера, советникот на национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби кажа дека Србија распоредила голем број тенкови и артилерија на границата со Косово. Тој го опиша ова распоредување како „многу дестабилизирачки чекор“ и ја повика Србија да ги повлече трупите.

Во Косово се зголемија тензиите откако 30 вооружени Срби влегоа во косовското село Бањска минатиот викенд. Косовски полицаец и тројца од напаѓачите загинаа во вооружена пресметка.