Пожар кој синоќа избил во угостителски објект во трговскиот центар ББИ во Сараево, бил изгаснат, а немало повредени лица.
Причина за синоќешното избивање на пожарот била експлозија на неисправна плинска боца која довела до ширење на оганот, најголемиот дел во летната градина на објектот, пренесува портал Кликс.ба
За среќа никој во пожарот не бил повреден. Со брза реакција вработените на кафулето и сите посетители на објектот брзо биле евакуирани, а брзо потоа следела и евакуација на вработените и посетителите на целиот трговски центар.
Колкава е материјалната штета се уште не е соопштено, но во голема мера се зафатени горните спратови како и фасадата на трговскиот центар.