Неколку десетици граѓани се собраа во близина на вилата Горица во знак на протест поради потпишувањето на Темелниот договор меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква (СПЦ).
Полицијата го блокираше приодот до Вилата.
Темелниот договор утрово во 10 часот го потпишаа премиерот Дритан Абазовиќ и патријархот на СПЦ Порфирије.
Дел од медиумите претходно најавија дека потпишувањето ќе се случи на 3 август, но премиерот Дритан Абазовиќ тогаш тоа го демантираше.