33-годишниот Д.Џ. од Нови Сад упаднал вчера вечерта во познат ресторан во тој град, па нападнал прво еден гостин, а потоа го извадил пиштолот и испукал два куршуми. Потоа избегал.
Напаѓачот бил истата вечер уапсен, информираат српските медиуми.
На полицијата не ѝ требало многу да го идентификува, благодарение на снимката од безбедносната камера која е објавена и на социјалните мрежи.
Одредено му е задржување од 48 часа, а потоа ќе биде приведен со кривична пријава од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
— Pluton (@Pluton45873221) November 17, 2020