Силно невреме со обилни дождови попладнево ја зафати Србија и предизвика големи проблеми. На социјалните мрежи објавени се голем број видеа на кои се гледа дека улиците се претворени во реки, а автомобилите стојат во место.
Како што пишуваат тамошните медиуми, силно невреме со град ги зафатеи Косовска Митровица, Нови Сад и Зрењанин.
Поради обилните дождови може да се забележат автомобили кои застануваат покрај патот, а возачите кои се движат тоа го прават на средината на коловозот поради големата количина на вода која се собира на рабовите.
View this post on Instagram
Мештаните се жалат дека силното невреме предизвикало големи штети на земјоделските посеви.