На грчкиот остров Родос беснеат шумски пожари веќе една недела, а во текот на викендот полицијата ја спроведе, како што ја нарече, најголемата евакуација во историјата.
Од погодената област беа спасени 30.000 луѓе.
Повеќе од 250 пожарникари, речиси 50 возила, десет авиони и осум хеликоптери се обидуваат да го локализираат пожарот.
Πυρκαγιά στο δάσος της Ελλάδα #rodos #rhodesfire #Rhodos greek brand #Rhodes #Ροδος #φωτιά #Rhodes #Φωτιες #Greece #πυρκαγιαΡοδος #Ροδοςπυρκαγια #Ροδος #rhodeswildfires yunanistan yangın #BREAKING wildfire
— Musa Kayrak (@musakayrak) July 23, 2023
Само во недела 64 нови пожари!
Последните информации ги соопшти Србинката од Грција Ивана Станојевиќ од Афитос, Халкидики.
– Ветровите се многу силни, бесни, а тоа е еден од првите фактори што не помага. Има уште неколку места каде избувнал пожарот, а Крф е новото жариште, додека најтешка е ситуацијата на Родос. Утрово е страшно, сликите се морничави. Има видеа каде горат хотели и згради на плажа – рече Станојевиќ, а потоа продолжи:
-Овде се коментира дека се работи за невиден пожар, засега нема жртви, едно девојче е исчезнато. Пожарот гори веќе една недела, а сликите се страшни.
Потоа таа кажа каде престојуваат луѓето кои се во фокусот на пожарот:
– Има огромна солидарност, жителите на другите места на островот, кои не беа зафатени од пожарот, постојано испраќаат соопштенија и повикуваат луѓето да останат со нив. Во нивните куќи, гимназии, театри. Ова не се однесува само на туристите, туку и на локалното население, сите се евакуираат. Оваа солидарност многу помага, па луѓето наоѓаат сместување во други куќи, хотели, објекти…
Друга туристка кооја се нашла ма одмор истакна дека состојбата е страшна.
– 10 километри бегајќи од пожарот на плажа, гушење од чадот… Апсолутно оставени сами на себе – напишала Тијана во описот на видеото додека се снимала себеси и останатите туристи кои се нашле на овој грчки остров за време на пожарот.