За време на силниот удар на ветерот во турската област Кадрили, сигурносните камери на еден пазар снимиле човек кој летнал заедно со чадорот за сонце.
При невремето на во понеделникот почнало се да лета од тезгата, вклучувајќи ги и касите со пари, зеленчукот и останатите работи, но никој не очекувал дека ќе летне и продавачот.
Како што забележале камерите, Мехмет Али Ланак и уште две лица кои биле во близина, се обиделе да го задржат чадорот за сонце да не падна од ветерот.
Ветерот дувнал толку силно, што Мехмет летнал заедно со чадорот. Како што објасниле надлежните, бурата траела 10-ина минути, а Мехмет не е сериозно повреден.