На денот на национална жалост, седницата на преодната влада на Бугарија започна со едноминутно молчење, јави дописникот на МИА од Софија.
Премиерот на Бугарија Стефан Јанев соопшти дека ова е денот кога се сеќаваме на жртвите – девет бугарски државјани кои загинаа во пожарот во домот за стари лица во селото Ројак, Варна и државјаните на Република Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма.
-Во време на тешкотија, да го изразиме нашето сочувство за членовите на семејствата и роднините на жртвите, кажа Јанев.
Знамињата на државните институции, вклучително и пред зградата на Советот на министри на Бугарија, се спуштени на половина, во чест на жртвите од селото Ројак и од автопатот Струма. (МИА)