сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Албанија лани откриени 15.000 имигранти, 2.000 побарале азил

Во Албанија лани откриени 15.000 имигранти, 2.000 побарале азил

Во текот на минатата година во Албанија откриени се 3.000 имигранти повеќе споредно со претходната година,чија цел била транзит да минат низ Албанија и да продолжат кон некоја од западно – европските земји.

Тоа значи дека биле откриени над 15.000 имигранти, од земјите на Блискиот Исток, кои лани влегле на албанска територија, најчесто преку зелениот појас на грчко – албанската граница.

Според Управата за граница и миграцијата, тоа благодарение на спроведените акции врз основа на оперативниот план и соработката со силите на Фронтекс, со колегите од соседните земји, како и зголемениот број албански полициски службеници ангажрани на зелената граница.

-Од вкупната бројка на откриени имигранти, две илјади од нив беа сместени во центарот за азил,откако побараа азил во нашата земја, додека други доброволно се вратија назад. Но, појавата, повторно да се обидат да заминат кон западните земји, минувајќи низ албанска територија, продолжува, додаваат од Управата.

Полициската статистика потврдува дека во 2019 година бил забележан рекорден број на имигранти кои побарале азил во Албанија, пет илјади или половина од откриените имигранти, претходната 4.095, наспроти 2017 година кога тој број изнесувал 307.

Имигрантите најчесто патот за западно европските земји го продолжувале кон Косово а од неодамна тоа е морскиот пат до Италија, со цел да заминат за Германија. (МИА)