понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Албанија се забранува лекарите да работат и во јавни и во приватни институции

Во Албанија се забранува лекарите да работат и во јавни и во приватни институции

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека повеќе нема да се дозволи докторите да работат истовремено во приватни и јавни болници.

Според Рама, оваа стара шема ќе заврши и таа е непотребна и додаде дека болницата во Фиер, што ја гради Турција, ќе обезбеди бесплатна услуга за граѓаните.

-Старата историја на лекари со две станици, една во јавна и друга во приватна болница завршува, не само што е забранета, туку и затоа што е непотребна во услови кога се работи во јавна болница, лекарите можат да добиваат повисоки плати врз основа на услугите што ги даваат. Овој пилот проект ќе биде многу важен извор на информации и знаење во поглед на проширувањето на моделот на сите болници, рече Рама.

Додаде дека Универзитетската клиника е подобара од кога било до сега, како во однос на опремата, кадарот така и во квалитетот на услугите.

-Но, ќе започнеме со следната фаза на реформата со давање автономија и можност лекарите да се чувствуваат во јавните установи како на свој имот, во најдобра смисла на зборот. На овој начин имотот, опремата, услугата стануваат совршени како директен интерес за зголемување на приходите од работа. Секако тука и давањето бесплатна услуга на граѓаните во која било јавна болница. Регионалната болница во Фиер ќе биде јавна и граѓаните

нема да плаќаат за услугата, но моделот на управување ќе биде целосно различен од нашите болници, посочи Рама.

Регионалната болница во Фиер, која ја гради Република Турија ќе дава услуги за целиот јужен дел на Албанија,но и пошироко.

Како што најави Рама, не само изградбата и опремувањето со најсовремена медицинска опрема, за одреден временски период ќе се администрира од човечки ресурси на здравствениот систем на Република Турција, управителот, началникот на човечки ресурси, началниците на одделенијата, сите ќе бидат од јавниот здравствен систем на Република Турција.

Изградбата на болницата,која почна пред десеттина дена, треба да заврши за три месеци или на почетокот на мај.