сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Албанија утре почнува новата учебна година со илјада првачиња помалку од лани

Во Албанија утре почнува новата учебна година со илјада првачиња помалку од лани

Во Албанија утре почнува новата 2022/23 учебна година, со веќе познатиот тренд на помал број на оние кои првпат седнуваат во ученичка клупа.

Во новата учебна година запишани се речиси илјада првачиња помалку споредено со септември минатата година.

Според податоците на Министерството за образование, млади и спорт излегува дека околу 29.000 деца ќе го започнат основно образование наспроти 30.000 лани. Иако се уште не е објавен вкупниот број на ученици во предуниверзитетскиот систем, се очекува бројката да биде помала.

Податоците на Институтот за статистика, ИНСТАТ, пак потврдуваат дека во последните 5 години се регистрирани околу 56 илјади ученици помалку и тренд на се помал број ученици се очекува и за учебната 2022 – 2023 година.

Според ИНСТАТ, во основното образование има 16.000 деца помалку, во предметна настава на основното образование 24.000, а во средното образование 14.000 ученици помалку во споредба со пред 5 години.

Образовните експерти со загриженост гледаат на состојбата и велат дека е предизвикана од падот на наталитетот и масовното заминување од државата.