Според податоците на Централна банка на Албанија, од јануари до септември годинава, странските инвестиции изнесуваат 711 милиони евра.
Во однос на минатата година, тие бележат раст од само 8 милиони евра, додека во однос на 2019 година, бележат пад од 90 милиони евра, јави дописничката на МИА од Тирана.
Инвестициите најмногу се насочени во индустрија за ископ, додека интересот за вложувања во електрична енергија, гас и вода се намалени.
Ако во 2019 година за девет месеци во електрична енергија се инвестирале 266 милиони евра, годинава за истиот период само 35 милиони евра. Причината за овој пад е завршувањето на двата проекта, трансјадранскиот гасовод, ТАП и каскадата на реката Девол.
Во овој период најмногу вложила Холандија – 139 милиони евра, со пад од 38 милиони евра во однос пред една година. Потоа е Италија со 103 милиони евра, од 94 милиони евра колку што биле 2020 година. Следува Турција со 63 милиони и Франција со 58 милиони евра инвестиции.
Во прегледот за последните пет години, за периодот јануари-септември, што го објавува банката, во 2017 година тие изнесувале 648 милиони, следната година 755 милиони, во 2019 година 801.