Американската новинска агенција Асошиетед прес (АП) објави дека „рускиот сојузник Србија добила испорака на софистициран кинески противвоздушен систем во тајна операција овој викенд, и покрај загриженоста на Западот дека складирањето на залихи на оружје на Балканот за време на војната во Украина може да го загрози кревкиот мир во регионот“.Шест кинески транспортни авиони Y-20 слетале на цивилниот аеродром во Белград, наводно со ракетни системи земја-воздух HK-22 за српската армија, пренесува АП.
Медиумите и воените експерти во неделата потврдија дека шест кинески транспортни авиони Y-20 слетале на цивилниот аеродром во Белград, наводно со ракетни системи земја-воздух HK-22 за српската армија, пренесува АП.
Агенцијата додава дека кинески товарни авиони со воени ознаки биле видени на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, а известува дека српското Министерство за одбрана не одговорило веднаш на барањето на АП за коментар.
Експертите сметаа дека испораката на оружје преку територијата на најмалку две земји-членки на НАТО, Турција и Бугарија, е демонстрација на растечкиот глобален досег на Кина, пишува АП.
„Појавата на Y-20 беше изненадувачки бидејќи летаа масовно, за разлика од серијата летови со еден авион“, пишува онлајн магазинот The Warzone, пренесува Бета, додавајќи дека „присуството на Y-20 во Европа е прилично нова појава“.
Nikola Tesla Airport 🇷🇸🇨🇳 pic.twitter.com/wVMoZCdECR
— ZOKA (@200_zoka) April 9, 2022