Рекордна висина на бранови се измерени во акваториумот Ровињ, Сплит, Плоче и Дубровник, а највисоките бранови биле повисоки од девет метри, покажуваат податоците од мерењата на Хрватскиот хидрографски институт (ХХИ).
Највисок бран е измерен во Дубровник, покрај островот Св. Андреа – 9,03 метри.
Во акваториумот Ровињ висината на брановите била осум метри.
– Собраниете и обработени податоци ќе придонесат за зголемување на степенот на безбедност на пловидба во наведените подрачја, а ќе бидат изработени и безбедносни препораки. Со тоа се создаваат претпоставки за безбеден сообраќај на луѓе и стока во хрватскиот дел на Јадранското Море, се наведува во соопштение на ХХИ. (МИА)