петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, почина уште едно лице

Во Грција регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, почина уште едно лице

Од почетокот на епидемијата со Ковид-19, во Грција регистрирани се вкупно 2.678 позитивни случаи, од кои 15 се нови, а починаа вкупно 148 лица, меѓу кои и едно лице кое почина во изминатото деноноќие, според податоците кои попладнево ги соопшти шефот на експертската комисија за новиот коронавирус при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Приклучени на апарати, се лекуваат 33 лица, а 85 биле отпуштени од Одделите за интензивна нега.

Досега во Грција анализирани се 90.043 примероци, 2.991 повеќе од вчера.