петок, 5. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција регистрирани 2.152 нови случаи и 87 починати од Ковид-19

Во Грција регистрирани 2.152 нови случаи и 87 починати од Ковид-19

Во изминатите 24 часа, во Грција се регистрирани 2.152 новозаразени и 87 смртни случаи од Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 97.288 лица, а од почетокот на епидемијата починаа вкупно 1.902 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Во грчките болници, приклучени на апарати се 597 пациенти, 35 повеќе од вчера.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната прес конференција рече дека од здравствениот систем е под притисок, но издржува. (МИА)