петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција регистрирани вкупно 331 случај на коронавирусот

Во Грција регистрирани вкупно 331 случај на коронавирусот

Бројот на потврдени случаи на коронавирусот во Грција достигна 331, што е за 103 повеќе од вчера, од кои 49 се во изминатите 24 часа, а 54 се од претходните денови за кои денеска стигнале резултатите, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти претставникот за коронавирус при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, хоспитализирано е 51 лице, осум се приклучени на респиратори, а десет се пуштени дома.

Додека, пак, едно лице, како што веќе објави МИА, утрово почина, а бројот на жртви од Ковид-19 се искачи на четири.