недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Грција уште 98 починати од коронавирусот и 1.383 заразени

Во Грција уште 98 починати од коронавирусот и 1.383 заразени

Бројот на починати од Ковид-19 на дневно ниво во Грција и понатаму е висок, а во изминатите 24 часа се регистрирани 98 смртни случаи, додека пак намален е бројот на новозаразрени, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, регистрирани се 1.383 нови случаи, од кои 305 се во Солун, а 260 во Атина.

Приклучени на апарати, во грчките болници се 594 пациенти 18 помалку од вчера.

Од почетокот на епидемијата во Грција има 114.568 позитивни случаи на Ковид-19 и 2.804 починати. (МИА)