среда, 13. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Во Србија повеќе од 13.700 новозаразени, 59 лица починале

Во Србија повеќе од 13.700 новозаразени, 59 лица починале

Според официјалните податоци, уште 59 лица починале во последните 24 часа во Србија како последица на коронавирусот, со што вкупниот број на жртви е 14.113, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство covid19.rs.

Од последниот пресек на состојбата во Србија, тестирани се 32.933 лица за коронавирус, од кои 13.772 се позитивни.

На респиратори се приклучени 168 пациенти. Вкупно 4.425 лица се хоспитализирани.