Во претходните 24 часа 42 лица починаа од последиците на коронавирусот во Србија. Регистрирани се 3.615 нови случаи, а беа тестирани 15.904 примероци, објавено е денес на веб-страницата covid19.rs.
Има 7.938 лица на болничко лекување, а 267 пациенти на респиратори.
Вкупниот број на починати е 5.579, а стапката на смртност е 0,89. Од почетокот на епидемијата регистрирани се 629.388 случаи, а тестирани се 3.531.777 лица.