петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Во Ватикан средба на албанскиот претседател со папата Франциск

Во Ватикан средба на албанскиот претседател со папата Франциск

Албанскиот претседател Бајрам Бегај е во посета на Ватикан каде се сретна со папата Франциск.

Според албанските медиуми, разговорот меѓу Бегај и папата Франциск траел околу 35 минути.

– Срдечна средба, која потоа продолжи во Државниот секретаријат, каде се разговараше и за евроинтеграциите на земјата. Папата на албанскиот претседател му подари мајолика со статуата на Свети Петар, додека тој на папата мозаик на кој е претставена жена облечена во традиционална албанска облека, наведуваат медиумите.

Во разговорот Бегај и папата изразија благодарност за добрите билатерални односи и намера за натамошно развивање на соработката во секторите од заемен интерес.

Исто така бил истакнат позитивниот придонес на католичката заедница во Албанија.

Во фокусот на средбата била и интеграцијата на Албанија во Европската Унија и неколку регионални и меѓународни прашања, меѓу кои војната во Украина и нејзиното влијание врз Западен Балкан.

Во рамки на посетата на Светата столица, Бегај остварил средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Албанија и Ватикан ги обновија дипломатските односи во 1991 година.