петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Војна: Ѓуриќ и Харадинај ги вкрстија копјата на Фејсбук и Твитер (ФОТО)

Војна: Ѓуриќ и Харадинај ги вкрстија копјата на Фејсбук и Твитер (ФОТО)

Инцидентот од северот на Косово, кој започна во понеделникот, 26 март, кога е уапсен директорот на Канцеларијата за КиМ, се прели на социјалните мрежи бидејќи Марко Ѓуриќ преку Твитер му одговори на Фејсбук постот на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Тој во текот на вчерашниот ден на ФБ напиша дека нема да има поделба на Косово, ниту пак ќе има размена на територии, како и дека Српската листа треба да се врати на маса и дискутира за заеднички теми за добробит на сите граѓани.

-Ултиматумот е погрешен пристап, единствена формула е легитимна и уставна основа. Претседателот на Србија, Вучиќ треба да разбере дека нашето трпение не е безгранично  и дека ќе го браниме своето право-напишал Харадинај.

Во текот на денот се јави и Марко Ѓуриќ кој оцени дека во Приштина на функција се луѓе кои не сакаат мир, туку подготвуваат војна.

-Во право е Рамуш Харадинај дека нема да има поделба и размена на територии на Косово и Метохија, бидејќи целата територија е дел од Србија- напишал Ѓуриќ на Твитер.

Претставниците на општините со мнозинско српско население на КиМ најавија дека од 24 април би требало самостојно да формираат ЗСО, во случај во нарендите три недели Приштина не почне да превзема нешто во склад со Бриселскиот договор.