сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Војникот кој го претепа Дедо Мраз оди во затвор – Мајката на суд: Не кажувај ништо

Војникот кој го претепа Дедо Мраз оди во затвор – Мајката на суд: Не кажувај ништо

Во девет часот утринава во општинското државно правобранителство во Славонски Брод на распит бил донесен 24-годишен млад човек, инаку активно воено лице, кој на Бадник удрил млад човек облечен како Дедо Мраз, нанесувајќи му сериозни повреди.

Прегледот траеше половина час. Судијата му одреди едномесечен истражен затвор. Поради опасност од повторување на делото, напаѓачот следните неколку недели ќе ги помине во Пожега. Тој само и рекол на мајка си која го чекала пред судот дека полицајците кои го придружуваат веднаш ќе го однесат таму, пишува ПлусПортал.

„Тој е осомничен за кривично дело нанесување тешка телесна повреда за што е пропишана казна од шест месеци до пет години. Овој предмет е во надлежност на Општинскиот суд во Славонски Брод“, изјави портпаролот на Жупанискиот суд. Славен Видмар.

Се чека решение за притвор

Напаѓачот малку пред пладне повторно бил изведен во Жупанискиот суд. Осомничениот пред зградата на судот го пречекала неговата мајка, која побарала од придружните полицајци да и дозволат „барем да го бакне“, пренесува Плус портал.

Кога влегла во Судот, таа му предложила да не кажува ништо.

„Слушна ли Матеј, не кажувај ништо“, му рече таа.