Веќе втор ден грчките пожарникари се борат со шумскиот пожар кој избувна во источниот дел на Пелопонез.
Пожарот избувнал во средата, но до вечерта во четврток пожарникарите не успеале да го совладаат, а локалние жители и туристите морале да се евакуираат, за да не се доближи пожарот до населбите.
Градоначалникот на Коринт изјавил дека пожарот е надвор од контрола и прогласил вонредна состојба во тој регион, пренесува BBC.
Повеќе од 260 пожарникари, 10 хеликоптери и 10 авиони учествувале во гаснење на пожарот.
– И покрај тоа што цела воздушна флота е вклучена во гаснење на пожарот, ситуацијата не е под контрола, изјавил градоначалникот Василис Нанопулос.
За сега не било пријавено дека некој од граѓаните се здобил со повреди или настрадал.