Шлепер ја проби заштитната ограда на автопатот Ниш-Белград кај селото Мијатовац, а како што пишуваат српските медиуми кабината виси од мостот.
Несреќата се случила утрово околу 7 часот. Ситуацијата е критична бидејќи возачот е заробен во кабината која виси над реката.
На местото на настанат интервенираат службите, кои се обидуваат да го извлечат возачот.
По автопатот се пуштаат само патнички возила.