сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ нема да разговара со косовски претставници во Брисел, неизвесно продолжување на дијалогот

Вучиќ нема да разговара со косовски претставници во Брисел, неизвесно продолжување на дијалогот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ одлучил денеска да не разговара со претставници на Приштина во Брисел, изјави Марко Ѓуриќ, директор на српската Канцеларија за Косово и Метохија.

Во седиштето на европската служба за надворешни работи во Брисел, по бирателарниот состанок на српскиот претседател и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, требаше да се одржи и заеднички трилатерален состанок на Вучиќ, Могеини и косовскиот претседател Хашим Тачи

Тој додаде дека „нема ни најмалку услови да продолжи дијалогот во Брисел“.

Според него, Вучиќ одлучил да го стори тоа поради  „сите измами, закани и лаги на косовските Албанци“.

Ѓуриќ нагласи дека Белград сака да го зачува мирот, но не може да прифати закани и да се забрани посетата на претседателот на Србија на Косово.

Тој исто така истајкна дека беа направени несоодветни обиди да се прикријат разговорите и обидите на (Хашим Тачи) Прешево, Медвеѓа и Бујановац да бидат прикажани како дел од територијата на Косово.

– Единствената територија за која треба да се разговара е територијата на Косово, додаде Ѓуриќ.

Директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија изјави дека во тимот на претседателот поделени се мислењата дали Вучиќ треба да оди во посета на Косово.

– Ако оди сигурно ќе го посети езерото Газивода, нагласи Ѓуриќ. (МИА)