вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ: Нема лесно, едноставно и безболно решение за Косово

Вучиќ: Нема лесно, едноставно и безболно решение за Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ на вонредната конференција за новинарите изјави дека на Србија и е потребно решение за Косово што побргу, како и дека не постои лесно, едноставно и безболно решение за овој проблем.

– Јас такво решение никогаш не сум ветил, нити такво решение постои, освен за несериозните и недговорните луѓе, изјави Вучиќ.

Тој потсети дека Белград ги има исполнето сите обврски од Бриселскиот договор, но дека Приштина се уште ја нема формирано Заедницата на српски општини.

Вучиќ изјави дека постојат две множности Србите тоа самите да го направат, против што нема разумни аргументи, но, дека „постои опасност од еднострана реакција на Приштина, што многумина во светот едвај би го дочекале, бидејќи тоа би бил вовед за конечна пресметка на Приштина со северно Косово, со што и покрај договорот со НАТО да влезат и ја превземат контролата над вителните ресусрси.“

Затоа, посочи Вучиќ, негов совет до косовските Срби е дека „Србија го бира моментот за постапките кои сака да ги повлече, во рамки на нејзините интереси“, соработувајќи со Српската листа од Косово за остварување на српските права.

– Ќе продолжиме да се бориме, со цел да добиеме најмногу што можеме, а да изгубиме најмалку што мораме, констатираше Вучиќ, додавајќи дека ќе инсистира на формирањето на ЗСО.

Српскиот претседател напомена дека од осбено значење за Белград е и прашањето за имотот во Косово и тоа за правните лица, за СПЦ, за стопанските субјекти и општествениот имот на Србија во Косово.

– Доколку се приближиме до некое решение, во што се сомневам, отворно ќе говорам и ќе излезам и лично ќе дадам се од себе да ги сносам сите консеквенци, истакна Вучиќ, додавајќи дека „во септември пред Србија постојат многу тешкотии, но дека сака на граѓаните да им порача да не се грижат, бидејќи нема да има никакви тајни одлуки, ниту решенија“.

Тој потсети дека дошол до обид за постигнување на компромисното решение за Косово, но доживеал многу навреди, бидејќи сфатил дека малку луѓе тоа го сакаат и тоа би предизвикало поделби во Србија.

На прес конференцијата, Вучиќ најави дека народот ќе ја даде конечната одлука „доколку може да се дојде до какво-такво решение за Косово“.

Тој додаде дека во случај да се дојде до компромисно решение за Косово, прашањето на референдумот нема да биде „дали сте за влез во ЕУ заедно со договорот со Приштина“, туку граѓаните јасно ќе се изјаснат за потенцијалниот договор до кој, како што рече, „можеби ќе дојдеме еден ден“. (МИА)