понеделник, 15. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ: Нема предавање, во целост ќе биде со српскиот народ на КиМ

Вучиќ: Нема предавање, во целост ќе биде со српскиот народ на КиМ

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изрази надеж дека властите во Приштина позитивно ќе одговорат на барањето на САД и ЕУ за продолжување на рокот за пререгистрација на возилата во Косово со српски таблички на таблички РКС. Вашингтон и Брисел јавно побараа од Курти одложување на одлуката за 10 месеци.

Претходно косовскиот премиер изјави дека нема да има дополнител рок а послдениот датум е 31 откомври до кога косовските срби треба да ги набават новите таблички. Поради ситуацијата на Косово, престадателот на Србија одржа седница на советот за национална безбедност, по што упати порака до Србите на Kосово.

Државата Србија нема да дозволи погром ниту убивање на својот народ. Нема да се повтори 2004 година, ниту слични акции. Ние сме тука за да бидеме со Србите од Косово не само кога е лесно, туку и кога е тешко и целосно ќе бидеме со својот народ рече српскиот претседател.

Претставниците на косовските Срби порачаа дека ако ковсвките беззедносни сили почнат да ги одземаат возилата на србите кои не презеле косовски таблички ќе ги блокираат сите влезови и излези од Кососво.

Комерцијлните сателити од САД и од нивните сојзуници би можеле да станат легитимни цели за Русија ако се користат во војната во Украина се закани Москва. Квазицивилни вселенски средства кои му помагаат на Киев во конфликтот со Моксва ни можеле да бидат цел порача заменик шефот на одделот за неширење на оружјето Константин Воронцов.

Тој не спомена ниту една конкретна сателитска компанија, а медиумите коментираат дека Москва упатува прикриена закана до Илон Маск , бидејки неговата компанија Спајс Икс озббеди пристап до сателитски широкопојасен интернер сервис за трупите на Киев. Во 2021 година, Русија лансираше антисателитска ракета за да уништи еден од сопствените сателити.

Вашингтон и Пекинг ги смируваат тензиите. По Џо Бадејн , и Си Џинпинг изјави дека е подготвен САД и Кина да ја зајакнат комуникацијата и соработката на заедничка корист.

Односите помегу двете земји се влошија отккао Русија воено ја нападна Украина и откако високи американски политички функционери беа во посета на Тајван во август годинава. Кина го смета Тајван за свој и не је признава неговата независност.