понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ: Немам поголема ноќна мора од бројките за падот на наталитетот, а демографијата и Косово се нашите најголеми проблеми

-Секој ден сме за 107 лица помалку. Секој ден губиме по 107 лица и затоа мора да направиме се за да го зголемиме наталитетот, рече Вучиќ.
Вучиќ: Немам поголема ноќна мора од бројките за падот на наталитетот, а демографијата и Косово се нашите најголеми проблеми

Нискиот наталитет и прашањето со Косово, за српскиот претседател Александар Вучиќ, се најголем проблем со кој државата денес се соочува.

Бројките за падот на наталитетот се неговата најголема ноќна мора.

-Секој ден сме за 107 лица помалку. Секој ден губиме по 107 лица и затоа мора да направиме се за да го зголемиме наталитетот, рече Вучиќ.

Тој дури најави дека ќе одржи состанок со министри за да ја претстави својата нова програма за поттикнување на раст на наталитетот.

-Јас немам поголема ноќна мора од бројките кои секој ден доаѓаат до мене и сведочат за пад на наталитетот, рече Вучиќ.

Косово се уште е еден од најголемите проблеми за Вучиќ.

-Нека ми покаже некој каде пишува дека Косово има право на војска. Кога ќе го прашам ова-тишина! Како мачка да им го изела јазикот. Не може се да постигнат на сила, беше дел од коментарите на Вучиќ.