петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Вучиќ: Подготвени сме за компромис, но нема да дозволиме нови „Олуи“

Вучиќ: Подготвени сме за компромис, но нема да дозволиме нови „Олуи“

Ние на никого не му се закануваме и подготвени сме за компромис и за дијалог, но не сме подготвени, повторувам, никогаш не сме и нема да прифатиме некои нови „Олуи“, некои нови егзодуси и злосторства против Србите, рече претседателот Александар Вучиќ по заедничката воено- полициска вежба „Заеднички удар 2018″ во Краљево.

Вучиќ рече дека вежбата покажала каква реакција ќе се случи во случај на напад врз земјата и народот и дека заедничките безбедносни сили покажуваат дека се подготвени да го одбранат и да го спречат секого, кој мисли тоа да го загрози.

– Ќе продолжиме да инвестираме во армијата и во полицијата. Денес видовме нови пушки, шлемови, опто- електронски уреди, нови возила. И не велам дека состојбата е добра, бидејќи има уште многу да се направи, но сакам да ви кажам дека до пред неколку години немавме воено воздухопловство, а на крајот на оваа година ќе имаме 14 најмодерни ловци од 4 -та генерација, до заби вооружени и со нови радари, рече Вучиќ.

Тој додаде дека до крајот на годината српската војска покрај деветте хеликоптери Х-145 М од Ербас, ќе добие од Русија уште три транспортни хеликоптери Ми-17 и четири борбени хеликоптери Ми-35.
Вучиќ рече дека до крајот на годината Србија ќе има 14 ловци Миг-29, кои ќе бидат модернизирани според стандардот на четвртата генерација.

МИА