петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Регион

За 24 часа три нови жртви и 31 нов случај на заразени со коронавирус во Грција

За 24 часа три нови жртви и 31 нов случај на заразени со коронавирус во Грција

Во изминатите 24 часа, три лица починале во Грција од коронавирусот, додека пак регистриран е 31 нов случај на Ковид-19 со што бројот на смртни случаи во земјата достигна до девет, а на потврдени случаи 495, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронависрусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција рече дека 84 од случаите се од непознато потекло, 90 лица се хоспитализирани, 20 се приклучени на апарати, а 19 се пуштени од болница.

Починатите лица се мажи кои претходно имале сериозни здравствени проблеми и биле хоспитализирани во болниците во Атина и Козани.

До сега во Грција биле анализирани над 7200 примероци, а од потврдените случаи повеќето се во Атина.

-Нашите предвидувања, врз основа на податоците што ги имаме на располагање, остануваат стабилни за развојот на вирусот во нашата земја. Ако ритамот на зголемување се промени, ако ритамот на сериозни случаи, особено кај возрасни лица и кај хронично болни брзо се промени во нагорна линија и излезе вон нашите предвидувања, зависи од точноста со која се придржуваме кон мерките. За сега, сме во рамките на предвидувањата. Мислам дека точна слика за текот на епидемијата, ќе имаме за околу две седмици, рече Циодрас.

Професорот уште еднаш повтори дека за младите кои што се здрави и имаат лесни симптоми на вирус не е потребна лабораториска анализа. (МИА)