Коронавирусот во Србија е регистриран кај 7.030 лица во последните 24 часа, а во исто време од овој вирус починале 67 пациенти.
Тестирани биле 19.145 лица. На респиратор се приклучени 190 пациенти. Од почетокот на епидемијата, тестирани се 8.527.011, позитивни се 1.848.040, а починале 14.494 во Србија.