петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Задолжителен негативен ПЦР тест за сите посетители на Грција

Задолжителен негативен ПЦР тест за сите посетители на Грција

Сите оние кои од денеска, до 30 ноември ќе пристигнат со меѓународни летови во Грција, потребно е да имаат негативен ПЦР тест, направен 72 часа пред патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.

Одлуката е за периодот додека земјата е во карантин, а според издадените упатства Службата за цивилно воздухопловство на Грција, утрово стапи во сила.

Од понеделникот, домашните летови во Грција се само за есенцијални патувања. (МИА)