понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Заменик- гувернерот на Турската централна банка ќе поднесе оставка

Заменик- гувернерот на Турската централна банка ќе поднесе оставка

Заменик-гувернерот на турската централна банка, Еркан Килимџи, ќе поднесе оставка, информираат извори запознаени со случајот.

Килимџи, кој е и член на комисијата за монетарна политика, ќе стане член на Управниот одбор на турската банка за развој, велат изворите.

Турската Централна банка е изложена на притисок од страна на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кој настојува да не се зголемуваат каматите и покрај тоа што турската лира загуби над 40 проценти од својата вредност во однос на доларот оваа година.