вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ЗАВЕСА ОД МОЛЊИ: Големо невреме на Јадранот- оваа фотографија ја вознемири цела Хрватска

ЗАВЕСА ОД МОЛЊИ: Големо невреме на Јадранот- оваа фотографија ја вознемири цела Хрватска

Словенија, Хрватска и Црна Гора деновиве беа погодени од големо невреме кое што најмногу предизвика штета во приморските краеви.

На социјалната мрежа Твитер беше објавена фотографија која што го привлече вниманието на цела Хрватска и воедно откри за каква бура на Јадранот стануваше збор. Фотографијата е направена кај местото Лошињ и фотографот во еден момент успеал во кадарот да фати стотици удари на гром.

Сцената потсетува на хорор филм – големи црни облаци над морето и „завеса од молњи“ во буквална смисла на зборот.

Инаку, во последните неколку дена на територијата на цела Европа е забележан рекорден број на удари на молњи. Од истарската метеоролошка служба во Хрватска соопштија дека само во петокот, тој дел од хрватското приморје бил погоден од над 20 илјади молњи.

Само еден ден претходно, предупредување пристигна и од европската метеоролошка служба од каде што објавија информација дека Стариот континент за само 48 часа бил погоден од неверојатни 566 илјади молњи.

Големата бура проследена со дожд, силен ветар, грмотевици и град веќе со денови ја пустоши Европа, а ниту Македонија не беше исклучок.

Обилните дождови деновиве предизвикаа поплави во делови од Хрватска, во Словенија паѓал град со големина на тениско топче, додека пак голема бура уништи угостителски и стамбени објекти на брегот на црногорски Херцег Нови.