сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Зборовите на оваа мајка одекнуваат: Ми беше дома, мојата ќерка му беше на списокот, тој е зло

Зборовите на оваа мајка одекнуваат: Ми беше дома, мојата ќерка му беше на списокот, тој е зло

Граѓани, но и основци и средношколци облечени во црно се собираат пред училиштето „Владислав Рибникар“ за да им оддадат почит на загинатите во страшниот масакр кој бвчера се случи во Белград.

Една мајка, видно потресена, викаше дека Коста е зло.

-Го познавав дечкото, тој беше кај мене дома, тргнете ги тие лаги, родителите разговараа со него, не беше малтретиран – рекла мајката.

– Не играше игри, не беше малтретиран, девојките беа заљубени во него. Тој беше разгалено, монструозно дете – рекла жената.

Таа со солзи изјави дека нејзината ќерка била на неговиот список.

Со солзи бараше да се отстрани транспарентот пред училиштето на кој пишува дека треба да се разговара со децата, бидејќи како што рече тоа не е вистина.

– Воопшто не го жалам, нагласи таа.