Во селата меѓу Петриња и Хрватска Костајница се појавиле триесетина дупки по земјотресот, од кои некои се во непосредна близина на куќите или на нивите, јавуваат хрватските медиуми.
Една огромна дупка, широка дваесетина метри и длабока најмалку пет метри е оградена, а по геолошките прегледи ќе се одлучува за можна рехабилитација, утврдиле геолозите.
-Станува збор за комбинација на суфузија и уривање на варовнички камен под почвата натопена во вода. Малите честички се мијат и се создаваат шуплини, а земјотресот беше причина тоа да се случи во такви размери, рече Јосип Терзиќ, раководител на Одделот за хидрогеологија и инженерска геологија на Хрватскиот геолошки институт.
Zemlja se otvara…priroda najavljuje nesto veliko 🙏https://t.co/fDWb8ltbS5
— milos pavlovic (@undertakersu) January 7, 2021