вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина

Земјотрес ја стресе Босна и Херцеговина

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според Рихтеровата скала синоќа 10 минути по полноќ е регистриран во Босна и Херцеговина.

Епицентарот на земјотресот бил на 55 километри северозападно од Тузла.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Земјотресот се почувствувал и во источниот дел на Хрватска.