Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во близина на хрватскиот град Дубровник, а бил почувствуван и во Босна и Херцеговина.
Епицентарот на земјотрсот бил на 14 километри југозападно од Дубровник и 68 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од еден километар.
Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.