недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Жена од Бугарија починала откако ја примила вакцината АстраЗенека – привремено прекината вакцинацијата со таа вакцина

Жена од Бугарија починала откако ја примила вакцината АстраЗенека – привремено прекината вакцинацијата со таа вакцина

Вакцинацијата со вакцината АстраЗенека во Бугарија е привремено прекината поради смрт на жена на возраст од 57 години, објави во Пловдив министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

– Жена од село Јоаким Груево почина во својот дом откако вчера напладне беше вакцинирана во здравствениот дом во градот Стамболијски, изјави бугарскот министер. Таа починала во текот на ноќта.

– Прекинувањето на вакцинацијата е превентивна мерка за да се осигураме, и по заклучокот на лекарите од судска медицина да се донесе конечна одлука за тоа како да се продолжи со вакцинацијата со АстраЗенека, додаде министерот за здравство на Бугарија. (МИА)