Општинското државно обвинителство во Велика Горица, Хрватска, испрашуваше двајца 43 годишни мажи поради основано сомнение дека полово злоупотребиле девојче помладо од 15 години. Злоставувањето траело со години.
Постои основано сомнение дека првоосомничениот од летото 2011 до неутврден ден во 2014 година во Велика Горица, кога доаѓал во посета кај својот пријател, со цел на задоволување на својот полов нагон, а знаејќи дека нивната ќерка е родена во 2004 година и дека нема повеќе од 15 години, во повеќе наврати го направил ова кривично дело.
Понатаму, обвинителството се сомнева дека вториот осомничен, исто така 43 годишен, од крајот на мај 2008 година до неутврден ден во 2014 година во Велика горица, кога истото девојче со своите родители му доаѓало во посета, со цел за задоволување на својот полов нагон, во повеќе наврати го направил истото кривично дело.
Без притвор: Добиле само забрана за приоѓање и контакт
Против двајцата осомничени обвинителството предложило одредување притвор поради опасност да влијаат на сведоци и поради повторување на делото, но судијката од Жупанскиот суд во Велика Горица предлогот не го прифатила.
На осомничените им одредила мерки на внимателност забрана за приближување до жртвата на раздалеченост помала од 500 метри и забрана за воспоставување било каков контакт со жртвата. Обвинителството поднело жалба против одлуката на судијката со предлог преиначување на одлуката и обвинетите да ги испрати во истражен затвор.
Можат да добијат 10 години затвор
Според казнениот законик во Хрватска за делата за кои мажите се осомничени пропишана е казна до 10 години затвор.