недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

23 рудари заглавени во рудник за злато,мали се шансите да има преживеани

23 рудари заглавени во рудник за злато,мали се шансите да има преживеани

Најмалку 23 илегални рудари во Зимбабве најверојато загинаа откако рудникот за злато во кој работеле е поплавен со вода од браната која попуштила.

Според локалните медиуми, илегалните рудари во Батлфилдс, 175 километри западно од Хараре, во вторникот вечерта влегле во рудникот на земјиште во сопственост на компанијата „РиоЗима“ и на уште една компанија за да копаат злато, но се урнал ѕидот на браната во близина и го поплавила рудникот.

Се претпоставува дека се заглавени 23 лица и дека многу се мали шансите тие да преживеале.

Според официјални податоци, Зимбабве минатата година забележа рекордно производство на злато од 33 тони.