среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абас: Палестина нема да ги почитува договорите со Израел и со САД

Абас: Палестина нема да ги почитува договорите со Израел и со САД

Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека палестинските власти повеќе нема да бидат обврзани да го почитуваат договорот постигнат со Израел и САД, откако Израел вети дека ќе го присвои поголемиот дел од окупираниот Западен Брег.

– Палестинската ослободителна организација и државата Палестина не се повеќе должни да ги почитуваат договорите и спогодбите потпишани со израелската Влада и Владата на САД, вклучително и договори за безбедност, истакна Абас.

Оваа изјава претседателот Абас ја даде на состанокот на високите палестински функционери, а се уште не е јасно како ќе биде спроведена на дело.