понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Абас со закани за „остри мерки“ кон САД и кон Израел

Абас со закани за „остри мерки“ кон САД и кон Израел

Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави на седница на Парламентот на ПЛО прва во целосен состав од 90-те години, дека планира наскоро „остри мерки“ против Израел и САД.

Абас во обраќање до делегати на отворање на 4-дневен собир на Западниот брег истакна дека е целосно неприфатливо американското признавање на Ерусалим како главен град на Израел и одлуката американската Амбасада да се пресели во мај од Тел Авив во Ерусалим.

Абас рече дека никаков мировен договор нема да биде прифатен ако предложат САД ниту ќе се прифати посредување на САД во преговорите меѓу Палестинците и Израел.

– Можам да преземам остри мерки во блиска иднина во нашите односи со нашите соседи (Израел) и со Американците, предупреди Абас.

Тој не прецизира какви мерки би презел, но наведе дека би биле важни и далекусежни. Состанокот на ПЛО е во момент на длабока поделба меѓу Абас и неговите домашни ривали – Хамас кои го контролираат Појасот Газа.

(Миа)