Агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) во 2016 година демонстрирале антагонизам кон претседателот Доналд Трамп во периодот додека бил кандидат за функцијата, се наведува во извештајот на Конгресот на САД.
Според Извештајот на сенатската комисија за внатрешна безбедност, двајца агенти на ФБИ размениле околу 50.000 електронски пораки во кои изразуваат симпатии кон тогашната кандидатка на демократите за претседателската функција.
Во тоа време беше активна истрагата против Клинтон поради тоа што додека била државен секретар на САД користела приватен сервер за испраќање службени маилови. Американските медиуми наведуваат дека токму таа истрага придонела за нејзиниот пораз на претседателските избори во ноември 2016 година.
Републиканците го обвинија ФБИ дека ги кориостеле сите средства за да докажат дека Трамп бил избран благодаение на руското мешање.
Според сенатската комисија, контролирана од републиканците, електронските пораки наведуваат на мислата дека поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, уште во јули 2016 година одлучил да не почнува кривична истрага против Хилари Клинтон, односно уште пред да ја испраша, а тогашниот претседател – демократот Барак Обама, можно е да влијаел на истрагата, со оглед на тоа што барал да „знае се“ за нејзиниот тек.
„Новите СМС на ФБИ се БОМБА!“, напиша Трамп на Твитер по Извештајот на Конгресот.