Сирискиот град Алепо, кој е разурнат од војна, е меѓу областите кои се најпогодени од денешните смртоносни земјотреси, кои опустошија и делови од јужна Турција.
Спасувачките тимови за итни случаи соопштија дека многу згради се оштетени или уништени и оти под урнатините има заробени луѓе.
Во регионот живеат милиони бегалци раселени поради граѓанската војна.
Тоа е едно од местата под контрола на сириската влада, која сè уште се бори против опозициските сили. Делови од околните села се под контрола на бунтовниците.
Многу области во градот веќе беа урнати во конфликтот пред да се случи земјотресот.
Во северна Сирија досега се регистрирани повеќе од 1.000 загинати во земјотресот.
Како што јави Би-Би-Си, не е сосема јасно колку жртви има во Алепо.