четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Амбасадата на САД ги повика американските граѓани веднаш да го напуштат Авганистан

Амбасадата на САД ги повика американските граѓани веднаш да го напуштат Авганистан

САД денеска ги повикаа американските граѓани да го напуштат Авганистан со комерцијални летови што е можно поскоро, објавено е на веб -страницата на американската Амбасада во Кабул.

Талибанските борци денеска го зазедоа стратешки важниот авганистански град Газни и сега се на само 150 километри од Кабул.

„Амбасадата на САД ги повикува своите граѓани лоцирани во Авганистан веднаш да ја напуштат државата користејќи достапни комерцијални летови“, се вели во соопштението на амбасадата.

„Со оглед на безбедносните услови и намалениот персонал, способноста на американската амбасада во Авганистан да им помогне на своите граѓани е многу ограничена дури и во Кабул“, се вели во соопштението.

На 27 април, САД им наредија на службениците да ја напуштат амбасадата во Кабул, доколку можат да ја вршат својата работа на друго место, наведувајќи го како причина зголеменото насилство во градот. (МИА)