Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Денон денеска го обвини Иран дека регрутирал најмалку 80.000 шиитски борци кои ги обучува во база близу Дамаск.
– Тоа што може да видите е главен регрутен центар на Иран во Сирија. Таму има повеќе од 80.000 шиитски екстремисти под иранска контрола, изјави тој пред СБ на ОН, покажувајќи мапа.
Тој додаде дека во таа база, на само неколку километри од Дамаск, тие се обучуваат да извршат „терористички напади во Сирија и ширум регионот“.
МИА