четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американците летово пасош чекаат по три до четири месеци

Американците летово пасош чекаат по три до четири месеци

Aмериканците кои летово планираа да патуваат во странство можеби ќе треба да го одложат доколку им треба нов пасош или продолжување на постојниот. Стејт департментот објави дека чекањето за пасош е од 12 до 18 недели, дури и ако се плати забрзана постапка.

Таквото долго чекање е несакан ефект поради пандемијата на коронавирусот, што предизвика екстремни нарушувања во процесот на издавање документи во домашните центри и амбасадите и конзулатите на САД ширум светот.

Претставник на Стејт департментот рече дека чекаат од еден и пол до два милиони апликации за пасош, што значи дека апликациите што се поднесуваат сега најверојатно нема да бидат обработени пред есента.

Рејчел Арнт, заменик помошник државен секретар за пасошки услуги, рече дека Стејт департментот повторно вработува службени лица низ САД за да ги ублажи ограничувањата наметнати поради Ковид-19. Таа им порача на Американците да достават барања за нов пасош или продолжување на постојниот најмалку шест месеци пред планираното патување.