среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Американската војска објави дека одговорила на нападите на екстремистите од Сирија

Американската војска објави дека одговорила на нападите на екстремистите од Сирија

Американската војска објави дека одговорила на ракетниот оган насочен против американските сили во североисточна Сирија и дека во нападот се убиени „две или три лица за кои се сомнева дека се екстремисти поддржани од Иран“.

– Американските сили одговорија на ракетниот оган на две локации во Сирија во средата, уништувајќи три возила и опрема користени за лансирање на некои од ракетите, се вели во соопштението на Командата на американската војска за Блискиот Исток.

САД ги бомбардираа вчера бази на проиранските милиции на истокот на Сирија. (МИА)